„Виз Ер“ ја потврди нарачката на 110 „Ербаси А21нео“

Од:

Унгарската нискобуџетна авионска компанија „Виз Ер“, денеска ја потврди нарачката на 110 авиони од типот „Ербас А321нео“, за цена од 13,68 милјарди долари или 12,1 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз.

Како што соопшти компанијата „Ербас“, станува збор за за една од најголемите нарачки за овај модел на авиони.

Договорот меѓу „Виз Ер“, која е главната нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, и „Ербас“ бил потпишан за време на авиосалонот во Бурже, но тој дури денеска е официјално потврден.

Авиони ќе бидат изработени да можат да примат 239 патници и тие ќе бидат испорачани меѓу 2019 и 2024 година. Речиси половината од нив или 51, ќе бидат искористени за замена на постоечките авиони под лизинг.

Склучениот договор предвидува и право за купување на уште дополнителни 90 „А321нео“, кое ќе може да биде искористено во наредните пет години. Според договорот, „Виз Ер“ ќе може да ги прилагоди своите нарачки во зависност од своите потреби или за „А321нео“ или за „А320нео“ до 31 декември 2016 година.

Со оваа нарачка, бројот на нарачаните авиони „А320нео“ ја надмина цифрата од 4.300 модели, се вели во соопштението на „Ербас“.

Би можело да ве интересира

Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

„Виз Ер“ и „Луфтханза“ доставија барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии

Авионот на WizzAir не стигнал до Охрид зошто му се слошило на патник

Катерина Ѓуровски

Авион што летал за Охрид од Дортмунд нагло го променил правецот и принудно слетал во Венеција

Катерина Ѓуровски

Виз Ер од декември воведува летови од Скопје до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд

А1он

„Визер“ постепено ги враќа летовите од Скопје од пред пандемијата

Жарко Настоски