Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

Од:

– Со субвенции од Владата, германската авиокоманија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија – од Скопје до Франкфурт, а „Виз Ер“ четири, – од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии што заврши на 31 март и оти е склучен договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“.

„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април десет пати неделно, а „Виз Ер“ за новите четири дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава. Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

– Со „Луфтханза“ преку Франкфурт се поврзуваме со повеќе од 200 дестинации. Преку субвенцонирање на авиолинии овозможуваме раст на економијата и на авиосообраќајот, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Бочварски потенцираше дека се воведени нови дестинации за кои имало голем интерс од граѓаните.

– Има дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината со цел да се привлечат нови дестинации, најави Бочварски.

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма.

Би можело да ве интересира

„Виз Ер“ и „Луфтханза“ доставија барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии

„Луфтханза“ ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Еуровингс откажа околу 300 летови, пилотите штрајкуваат

Горан Наумовски

Германската држава ги продаде акциите во авиокомпанијата „Луфтханза“

А1он

Откажани над 1.000 летови на „Луфтханза“ поради штрајк на персоналот

Штрајк во Луфтханза, откажани повеќе од 1000 летови