„Визер“ постепено ги враќа летовите од Скопје од пред пандемијата

Од:

Нискобуџетната авиокомпанија Визер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.

Земји во кои Виз ер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, стои во соопштението од авиокомпанијата, Визер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихсхафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.

-Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Визер ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж, вели во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во Визeр.

Поради ковид пандемијата, во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање постепено ги враќаат.

Би можело да ве интересира

Договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана

„Виз Ер“ и „Луфтханза“ доставија барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии

„Луфтханза“ ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Африканци се обиделе да влезат во Македонија со туѓи пасоши, полицијата кај нив пронашла шишиња со непозната течност

А1он

Кривични пријави за две лица кои приложиле лажни ПЦР тестови на Скопскиот аеродром

А1он

Во Скопје денеска пристигнува нова група граѓани од Авганистан

А1он