„Вина од Македонија“ е за укинување на забраната за продажба на алкохол 21 часот

Од:

Здружението „Вина од Македонија“, во кое членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјата, се приклучува кон иницијативата на Стопанската комора на Македонија, упатена до Владата, за укинување на одредбите од Законот за трговија со кои се забранува продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата по 19, односно 21 часот и се воведоа лиценци за продажба на ваков вид производи во трговската мрежа.

Од здружението сметаат дека примената на ригорозните ограничувања во трговијата со алкохолни пијалаци во земјата, во изминатите девет години, нанесе голема финансиска штета на производителите на вино, како и на целокупната домашна винска индустрија која, заедно со лозарството, создава и до 20 отсто од годишниот бруто домашен производ остварен во земјоделството и обезбедува егзистенција за околу 30.000 производители на грозје, на над 12.000 сезонски работници и на повеќе од 2.000 вработени во домашните винарници.

– Иако македонското вино е еден од водечките национални брендови, а Македонија се декларира како винска земја, согласно статистичките податоци, на домашниот пазар се консумира само 9% од вкупната колична произведена во нашите винарници. Згора на тоа, ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа придонесе за намалување на продажбата на вино за повеќе од 10% на годишно ниво, што секако негативно се одразува на приходите на самите винарници, а со тоа и на нивните планови за откуп на грозјето од лозарите, наведуваат во соопштение.

Додаваат дека дополнителен аргумент за укинување на ригорозните ограничувања во трговијата со алкохолни пијалаци, меѓу кои и на виното, е и тоа дека Република Македонија има најмала просечна потрошувачка по жител во Европа од само 7 литри вино. За споредба, во земјите членки на ЕУ од нашиот регион: Бугарија, Грција, Словенијаи Хрватска, потрошувачката на вино надминува 25 литри по жител. Во ниедна од овие земји- членки на ЕУ не постои ограничување на продажба на вино во трговијата.

Потенцираат дека и во оние земји каде алкохолизмот е изразен општествен проблем, што не е случај во Македонија, виното се третира како исклучок во однос на жестоките пијалаци со висок процент на алкохол, затоа што научно е докажано дека умерената консумација на вино има позитивно влијание врз здравјето на луѓето.

– Сите овие факти претставуваат повеќе од доволен аргумент за прифаќање на предлогот на Стопанската комора на Македонија за укинување на рестриктивните ограничувања во продажбата на алкохолните пијалаци во трговската мрежа во земјата, сметаат од Здружението.

Според нив за да се постигнат посакуваните ефекти поврзани со спречување на злоупотребата на алкохолот, членките на „Вина од Македонија“ целосно ја поддржуваат забраната на продажба и точење алкохол на малолетни лица и истовремено инсистираат на ригорозна контрола на нерегистрираното производството и трговијата со алкохол „на црно“, за кое не се плаќаат даноци и е широко достапно за целото население, вклучувајќи ги и најмладите.

Би можело да ве интересира

Приведен е скопјанецот во чиј двор беа пронајдени четворица малолетници во бесознание

A1on

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол