„ВИН ИНВЕСТ“: Газдите затаиле данок, испрале 6 милиони денари

Од:
Двајца Виничани од кои едниот основач а другиот управител на „ВИН ИНВЕСТ ДОО Виница, заработија кривични пријави поради сомнение дека сториле кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело” и „даночно затајување”

Според наодите на истрагата, двајцата во периодот од 2008. до 2011. година, се стекнале со противправна имотна корист во износ над 6 милиони денари, откако во овој период не пресметале и не уплатиле персонален данок во износ од 2.170.725 денари и ДДВ во износ од 4.127.914,00 денари.

Поголемиот дел од овој нелегалниот профит, односно околу 5 милиони денари го легализирале со пуштање во промет на сметката на нивното друштво „ВИН ИНВЕСТ” ДОО Виница во вид на позајмици, односно овие средства ги инвестирале во изградба на стопански објект „Горица” во Виница, во висина од 3.888.070 денари, како и за купување градежно земјиште со површина од 373 квадратни метри на Кожуф, од Ски Центар Кожуф АД Кавадарци, во износ од 1.193.100 денари.
Двајцата во периодот од три години преку „ВИН ИНВЕСТ” за потребите на клуб кабаре „Ефект” коешто било регистрирано во рамките на истата виничка фирма, вршеле набавка на пијалаци во поголемо количество од повеќе правни лица, кои ги продавале во локалот без да ги евидентираат во деловните книги, при што не го прикажале и не го уплатиле дневниот промет во нивното друштво „ВИН ИНВЕСТ”, а истовремено не го евидентирале приходот од продажбата на пијалаци. Поради тоа тие се осомничени дека го сториле кривичното дело „даночно затајување”.

Истовремено, на истиот начин двајцата виничани во истиот период во фирмата, односно во „Клуб Кабаре ЕФЕКТ” во Виница, не прикажале промет во вкупен износ од 22.932.915 денари, односно не пресметале и затаиле данок на додадена вредност (ДДВ) во износ од 4.127.924 денари.

Би можело да ве интересира

До крајот на годината ќе има усогласување на даночната политика, најави Мицкоски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција