ВИДЕО: Струмица со регионален сертификат за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа

Од:

Струмица е меѓу првите осум општини во Југоисточна Европа кои добија регионален сертификат за поволно деловно опкружување. Сертификатот, на претставниците на општината, Тони Милушев раководител на одделението за локален економски развој  и Софче Иванова координатор на проектот, им беше врачен на вториот регионален конгрес за поволно деловно опкружување што се одржа во Загреб, Хрватска.

Овој сертификат потврдува дека Струмица е стабилна и економски развиена општина и претставува еден вид виза, меѓународен печат за зголемување на инвестициите.

-Целта поради која општина Струмица се вклучи  во овој проект на  сертифицирање е подобрување на сопствените услуги  и градење на капацитетите на локалниот економски развој, унапредување на економските односи  и ефикасноста  во економскиот сектор  и секако јакнење на капацитетите на општината  во меѓународни рамки. Струмица го има достигнато нивото на општина,  која е максимално ефикасна  при сервисирањето на услугите за граѓаните  и максимално транспарентна и конкурентна.

По добивањето на овој сертификат, локалната администрација  ќе ги воведе добрите практики кои произлегоа  од проектот. Тоа ќе значи нејзино унапредување за интернационална промоција  и привлекување на нови  домашни и странски инвестиции, обезбедување стабилна бизнис клима  и уште поголемо јакнење на сопствените капацитети.

Истовремено, тоа ќе значи стимулирање на економскиот раст  на општината преку регионална соработка  во економскиот сектор и воведување на иновации во начинот на промовирање на локалните и регионалните потенцијали. Самиот проект и добиениот сертификат е уште една потврда за квалитет на менаџирање со општината, нешто што треба да го радува секој граѓанин на нашата општина, рече на денешната прес конференција претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Инаку, Струмица беше една од четирите пилот општини кои беа вклучени во програмата за сертификација која се реализираше во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија, ЗЕЛС и Националаната алијанса за локален економски развој, а со финансиска поддршка од германската влада.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски