ВИДЕО: Стоп за извршителите -протест на 1. мај

Од:

Иницијативата „Стоп за извршителите“ најави протест за 1 мај. Оттаму порачуваат дека не се задоволни од предложениот закон на Владата, бараат итно одблокирање на сметките, како и ревизија на работата на извршителите.

-Ние не сме задоволни од предлог-законот ан Владата ,сакаме нов поправичен закон. Бараме итно одблокирање на сметките, ревизија на работата на извршителите, судовите, банките и нотарите , кои имаат криминална спрега, враќање на судските предмети и најважно од се, да се вратат изврпителите и нотарите во оквирот на судската власт, а не да работата како приватни фирми кои се богатат врз грбот на народот, порача Ана Глигорова.

Ги повикаа сите со блокирани сметки и тие кои претходни имале блокирани сметки, сите граѓани со ниски примања кои издвојуваат една третина за извршни одлуки, како и оние кои плаќаат заостанати долгови од пред 20 години, но и сите граѓани кои се чувствуваат обесправени и осиромашени.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

СДСМ: Стоиме рамо до рамо со работниците

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он