(ВИДЕО) „Солидарност“: Отпишувањето долгови е владин маркетиншки трик и ќе опфати мал број граѓани

Од:

Со владината мерка за отпишување на долгови на најсиромашните граѓани, драстично ќе се намали опсегот на социјално загрозени лица кои ќе можат да ги користат бенефициите кои се нудат преку оваа мерка, бидејќи постојат строги критериуми за учество во неа, смета активистот Здравко Савески од левичарското движење „Солидарност“.

Како што вели Савески, мерката за еднократно отпишување на долговите на три категории социјално загрозени граѓани ќе има далеку помал ефект од она што помпезно се најавува.

Тој вели дека со оваа мерка Владата им се смее во лице на сиромашните, бидејќи граѓаните сами ќе увидат дека тоа се тешки услови за исполнување.

– Граѓаните нека знаат дека ова се нивни пари кои претходно Владата им ги скрати и дел од тие пари сега им ги враќа назад. Ова не е милостиња. Со парите од заштедите на социјално згорзените лица Владата си прави реклама и дел од парите ги враќа преку оваа мерка. Наспроти владината реклама, не се работи за сите социјални случаи невработени и лица со инвалидитет дека ќе може да им се отпишат долговите. Долговите мора им се подолги од 12 месеци и да им бидат во фаза на наплата. Само оние невработени кои се над 12 месеци, да имаат месечни приходи помали од 8.000 денари и да немаат стан. Работава станува безобразна со третата категорија на лицата со инвалидитет. Дефинирани како тешки заболувања се само малигните и церебралните – васкуларните заболувања. Приматели ќе бидат само оние заболени со церебрално – васкуларно заболување кое настанало од 2009 – та година наваму. Бројката на оваа група граѓани може да не биде поголема од 100 луѓе – изјави Савески.

Неговите прогнози се дека со оваа мерка ќе бидат опфатени мал број на граѓани, за разлика од Владата која најави дека нивната бројка може да оди и до 100 илјади граѓани.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

Орце Костов

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

Орце Костов

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Да се интензивираат активностите за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите за физички лица

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Предлагаме закон за отпишување на сите камати на граѓаните-должници, за сите предмети дадени за извршување до крајот на 2017 година