ВИДЕО: Штипските стечајци заминаа на протест пред Владата

Од:

Стотина стечајци од штипскиот огранок на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок „УНИТ“, утринава заминаа на мирни протести пред Владата на Република Македонија организирани од страна на „УНИТ“- Македонија .

Причина за мирниот протест е предлог-законот за стечајците, кој денес по петти пат треба да се најде пред пратениците.

Членовите на здружението „УНИТ“-Македонија најавија дека ќе бараат прием кај премиерот Никола Груевски за по којзнае кој пат да му укажат на неопходноста од донесувањето на овој закон со кој би се решил статусот на над 6.000 стечајци низРепубликата.

Штипскиот огранок на Здружението, според последната евиденција, располага со 550 членови што останаа без работа со затворањето на двете најголеми текстилни фабрики, Македонка и Астибо.

„Остануваме на истите барања, паричен надоместок во висина од 6000 денари за стечајците и технолошкиот вишок што имаат наполнето 15 години работен стаж и старост од 50 години за жени и 53 години за мажи“, изјави претседателот на штипскиот огранок, Кемалидин Арсланов.

Стечајците се пожалија дека голготата низ која минуваат веќе десетина години сосема ги исцрпела, а нивниот број од ден на ден сè повеќе се намалува. Во последнава неколку месеци починале десетина членови од штипскиот огранок .

„Не само денес, и утре и задутре ќе заминеме. Ние се бориме за егзистенција, за парче леб. Државата нè остави на милост и немилост, затоа што ние и покрај стажот ги изгубивме нашите работни места, а имотот на претпријатијата се распродаде. Стечајната управничка вели дека има пари кај неа, некаде околу 5.000.000 денари, но ниту сака да ни даде дел од овие средства ниту, пак, ги има регулирано обврските околу стажот. Останавме на улица и незгрижени, живееме од ден за денсо помошта што ни ја даваат граѓани, кој ни купува леб, кој други неопходни производиза живот и така живееме“, изјави стечаен работник од Штип.

Стечајните работници најавија дека доколку нивните барања не бидат прифатени, ќе преземат порадикални мерки, а не ја исклучуваат и можноста својот револт да го искажат преку граѓански немири.

Од исходот од денешната средба ќе зависат понатамошните активности на членовите на Здружението на стечајци и технолошки вишок „УНИТ“- Македонија. Доколку законот и по петти пат не биде усвоен, стечајците ќе се преселат пред Собранието.

М.Р.

 

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он