(ВИДЕО) СДСМ: За профити во власта ЕЛЕМ колабира, а сметките се покачуваат?!

Од:

„Колабираше дистрибутивната мрежа за електрична енергија од еден снег, поради бизнис интересите на електродистрибутерот, државната компанија МЕПСО, за барок, туризам и реклами.

Денеска ќе стане појасно како работи другата државна електро компанија ЕЛЕМ и зошто од доаѓањето на оваа власт, сметките за електрична енергија се пораснати до над неверојатни 80 проценти“, изјави на денешната прес-конференција Атанаско Тунески, член на Комисијата за енергетика на СДСМ.

„Од 2006 година до денес домашното производство на електрична енергија е НАМАЛЕНО за цели 30 проценти!

gr1

Посебно аларамантно е намаленото производство на АД ЕЛЕМ од терменергетските капацитети ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј, само во последните три години. Ако за 21 години, од `90 до 2011 година производството се одржувало, само од 2011 до 2014 производството на електрична енергија до термоелектраните во Македонија Е НАМАЛЕНО за 27 проценти!

gr12

Тоа се 100 МИЛИОНИ ЕВРА помалку приходи во државната компанија ЕЛЕМ.

Намаленото производството од термоенергетските капацитети, од друга страна, ја зголемува потрошувачката на мазут, којашто од 2008 до 2013 година е зголемена за неверојатни 140 проценти!

gr13

Ова, не може да го покрие намаленото домашно производство на струја и нормално бара ЗГОЛЕМЕН УВОЗ на електрична енергија. Додека домашните производства на електрична енергија се во слободен пад, РАСТЕ УВОЗОТ НА СТРУЈА ВО ЗЕМЈАВА, КОЈШТО ВО ПОСЛЕДНИВЕ 9 ГОДИНИ ГО ДОСТИГНУВА СВОЈОТ ВРВ:

gr14

Бидејќи сето ова се одразува на раст на цената на струјата, којашто ќе продолжи да се покачува, власта на Никола Груевски треба веднаш да излезе пред граѓаните и да објасни:

-Зошто остава да пропаѓаат производствените капацитети во земјата?

-Зошто постојано откажуваат блоковите на РЕК Битола, столбот на елекетроенергетскиот систем во државата? Еден од блоковите, според нашите информации веќе подолг период не работи, а другите два блока работат со намалена моќност. Нели се вложени неколку стотици милиони евра народни пари, како што се тврди, во ревитализација на блоковите?

-Зошто ТЕЦ Осломеј, ќе покажат пресметките, но според очекувањата најверојатно ќе ја заврши 2014 година со најмало производство на електрична енергија од неговото постоење?

-Дали целата ситуација во електро-енергетскиот систем е производ на ветените, а нереализирани ветувања на власта на ВМРО-ДПМНЕ и

-Дали власта на Никола Груевски свесно го колабира домашниот електро систем на грбот на граѓаните, за сметка на електро – бизнис интереси и профити на тесната група на власт“, прашува Тунески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја