(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Тутунски Комбинат Прилеп нема пари за откуп

Од:

„Помпезно најавуваниот старт на предвремениот откуп на тутунот, не се случи, затоа што власта во заминување ги излажа земјоделците и се уште нема пари за откуп.

Вчера, вратите на Тутунскиот комбинат Прилеп останаа затворени, а тутунот им беше вратен на индивидуалните тутунопроизводители.

Да потсетиме. Само пред неколку дена, во Собранието на Р. Македонија, Ставревски ја убедуваше целата македонска јавност дека Тутунскиот Комбинат Прилеп е во одлична финансиска состојба. Дека во 2016 година очекува прилив на огромни суми во буџетот на РМ, на име на акцизи“, рече Гоце Мојаноски – Претседател на Комисијата за земјоделие при ОО на СДСМ Прилеп.

„Но, наспроти неговите тврдење, пратеничката Ана Лашкоска, неговата сопартичка, изјави дека Тутунскиот комбинат сеуште нема обезбедено средства за откуп. Според Лашкоска, за откуп на годинешната реколта тутун менаџментот очекувал кредит од домашните банки.

Ставрески да одговори зошто ги лаже тутунарите?

Како Тутунски комбинат ќе плаќа акцизи, ако нема пари за откуп на тутунот?

Власта целосно го уништи прилепскиот Тутунски комбинат и ги обезвреднија акциите на акционерите.

Власта се фали со потпишан договор со Филип Морис, а оваа година, Тутунскиот комбинат има рекордно ниско ниво во производство на цигари.

Каде е ефектот од тој договор?

И покрај субвенцијата од 60 ден по килограм, количините на произведен тутун во последниве неколку години, рапидно се намалуваат, како резултат на огромните трошоци за производство на тутун, наметнати од премиерот во заминување, Груевски.

Почитувани тутунопроизводители, после изборите на 24 Април 2016 година, власта на СДСМ ќе ги зголеми субвенциите за тутун, до 75 денари по килограм и комплетно ќе ги подобри состојбите со откупот на тутун“, изјави Гоце Мојаноски – Претседател на Комисијата за земјоделие при ОО на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он