(ВИДЕО) Попова: Животот дојде за Заев и функционерите околу него, граѓаните преживуваат

Од:

„СДСМ или свесно ги лажеа граѓаните или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот на крајот е ист. Животот дојде за Зоран Заев и функционерите околу него, додека граѓаните преживуваат.

Заев предизборите во 2016 година вети дека во првите шест месеци по преземањето на власта ќе воведе можност за предвремено пензионирање 5 години пред навршување на условите за старосна пензија.

Помина скоро една година, а граѓаните не само што не можат предвремено да одат во пензија, туку власта се заканува и со зголемување на старосната граница за пензионирање“, изјави Ирена Попова, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните се излажани и изманипулирани.

СДСМ е целосно неспособна да менаџира со државните ресурси и расипнички без концепт за развој ги троши парите на граѓаните. Парите од Буџетот наместо да одат на проекти и покачување на плати, пензии и социјална помош, никој не знае каде завршуваат.

Заев и СДСМ ги ставија пензионерите на последен план.

Покрај тоа што не го реализираа ветеното, СДСМ го запре трендот на покачување на пензиите што е започнат од ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерите за првпат оваа година не добија покачување, туку добија намалување.

СДСМ си поигра со оваа категорија на граѓани. Пензионерите се гневни и разочарани. СДСМ наместо да ги реализира ветувањата кои им ги даваше, спроведува штетни политики и ја носи државата кон економски колапс“, рече Попова.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави партиски функционер како Виктор Димовски

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци