ВИДЕО: Пензионери и самохраните родители ќе добијат помош од шест илјади денари

Од:

Пензионерите со пензии до 15 илјади денари, самохраните родители и невработените пасивни баратели на работа ќе добијат платежни картички од 6.000 денари, како дел од четвртиот сет мерки за помош поради корона-кризата.

Премиерот Зоран Заев најави дека 5.726 самохрани родители ќе добијат помош од државата, платежна картичка со износ од 6.000 денари.

Пензионерите со пензија до 15 илјади денари, а такви има 182.271, исто така ќе добијат платежна картичка.

Со четвртиот сет мерки, 85.108 невработени пасивни баратели на работа ќе добијат помош од државата, во износ од 6.000 денари.

Платежните картички „Купувам домашно“ ќе ги добијат и студентите кои во претходниот пакет не ги добиле овие картички и навремено реагирале за тоа.

Според Заев, првите три сета мерки спречиле економски последици кои можеле да бидат драматични и долгорочни.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ