“На Скопје му се случува урбанистичко силување. Направена е агресија на градот со која треба да се справиме а таа агресија е направена во повеќе сегменти. Еден од проектите што го напрвил тој директен атак е прокетот Скопје 2014. И по седум години тоа е проект што тече и узурпира. “ – вели архитект Даница Павловска.
“Јас мислам дека тоа не е никакво силување. Нјадобро би било да направиме една компарација, како било претходно, како е сега и тогаш ќе видиме дека му е додадена голема вредност на градот. Порано центарот на градот беше очаен и затоа велам дека не е силување туку естетизирање на Скопје“, вели сликарот Ацо Станковски
Архитект Павловска и сликарот Становски учествуваа во последното издание на емисијата Тренд – економија и бизнис, која се емитува во нов термин, понеделеник на 24 Вести.