(ВИДЕО) Николовски: Членството НАТО и ЕУ ќе гарантира безбедна храна за граѓаните и подобра благосостојба на животните

Од:

Ветеринарната медицина како дисциплина има големо значење за здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, затоа и Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, интензивно работи на подобрување на благосостојбата на животните ни обезбедување на безбедна храна на граѓаните, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој присуствуваше на 5-ти состанок на Меѓународниот Конгрес на групацијата „Вет-Истанбулска група“ и 8-миот Меѓународен научен собир „Денови на ветеринарна медицина 2018“ кој се одржа вчера во Охрид.

Николовски посочи дека во исполнувањето на сите цели за развој на ветеринарната медицина, од исклучително значење е учеството на науката и на Факултетот за ветеринарна медицина, како институција чии што експертски ставови имаат важна улога во креирањето на идните политики за заштита на здравјето на животните, благосостојбата и репродукцијата на животните, како и јавното здравје и безбедноста на храната.

„Признание за мерките во делот на ветеринарната медицина, добивме и од Европската комисија на последната меѓународна конференција за „Прекугранични болести кај животните во Европа“, што неодамна се одржа во Брисел. Европската комисија, ја пофали Македонија за мерките кои што ги преземаме и кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Посебно признание како држава добивме за начинот на спроведувањето, заштитата но и за применетите политики при појавата на болеста јазлеста кожа во 2017 година, што за нас претставува доказ дека се движиме по вистинскиот пат. Македонија, веќе има воспоставено систем за информирање и брзо откривање, односно воведени се мониторинг програми за детекција на овие болести, обуки со одгледувачите и издадени се прирачници за јавноста“, изјави министерот Николовски.

При тоа, Николовски потенцираше дека овој период кога државата се наоѓа на чекор до членството во НАТО и ЕУ, заедно со АХВ интензивно се работие на усогласување со ЕУ регулативи од оваа област, а влезот во НАТО и ЕУ ќе значи уште поголема сигурност во делот на безбедноста на храната за луѓето и благосостојбата на животните.

На конференцијата беше присутен и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, кој ги презентираше активностите што АХВ ги презема во областа на ветеринарната медицина. Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Лазо Пендовски,ги презентираше наушните истржувања и проектите на кој работи факултетот, а кој што во голема мерка влиаат врз унапредување на ветеринарната медицина. Оваа година на конференцијата присустваа и многу странски експерти,кои ги презентираа своите научни трудови во оваа област.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Николоски: Обезбедивме плати за Пошта и за Железници

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди