ВИДЕО: Министрите Анѓушев и Сугарески на увид во изградбата на пругата Битола-Кременица

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на градоначалникот на Битола Наташа Петровска, извршија увид во изградба на железничката пруга Битола – Кременица.

Според министерот Анѓушев, проектот финансиран од ИПА фондовите на Европската унија, овозможува подобар живот за сите граѓани, а со приближувањето до евроатлантските интеграции, рече, ваква помош ќе има уште повеќе.

-Овој проект, беше проект со многу проблеми, технички и проблеми во изведбата од изведувач кој не ги извршуваше работите, но ние вложивме голем напор, го одглавивме проектот и сега е во завршна фаза од реализацијата. Желеничката пруга со сите свои сегменти ќе биде завршена до крајот на оваа година и пуштена во употреба до 31 декември, истакна Анѓушев.

Тој ја нагласи двојната улога и економските ефекти од проектот, железничка пруга до Кременица.

-Овој проект има двојна улога во економијата на Република Македонија. Од една страна се подобрува инфраструктурата и дава можност стоката што се произведува во Република Македонија да има побрз пристап до Солунското пристаниште, а на граѓаните, пак, им овозможува подобра комуникација и транспорт до соседните држави. Овие проекти, исто така, го заживуваат и градежништвото во државата, влијаат врз зголемувањето на БДП. Практично со раздвижување на овие проекти што ги имаме во портфолиото на Владата во делот на инфраструктурата, ќе заживее градежништвото и ќе се вратат бројките на растот на БДП, посочи Анѓушев.

За време на увидот на градежните работи кои се во завршна фаза, своето задоволство од изведбените работи и запазените рокови го нагласи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Пругата е целосно завршена, а до крајот на годината ќе биде поставена сигнализација со што ќе биде заокружен еден проект кој го затекнавме како блокиран проект, а како Влада целосно го одблокиравме и согласно роковите до крајот на оваа година ќе биде завршен. Пелагонискиот регион ќе биде поврзан со Република Грција, ќе се овозможи брз транспорт на стоки и услуги за домашните и странски компании, истакна Сугарески и потсети дека интензивно се работи на Коридорот 8, пругата што води кон Република Бугарија.

Сугарески најави дека во наредниот период ќе биде потпишан анекс на договор со кој целосно ќе се забрза изградбата на првата делница од Куманово до Бељаковце.

Железничката пруга долга 16 километри, која ги поврзува Република Македонија и Република Грција од страната на пелагонискиот регион, е стратешки проект на Владата со кој се очекува после 32 години, соседните држави повторно да воспостават редовен железнички сообраќај.

-Овој проект значи витализација и дополнителен импулс за стопанството во Битола и регионот, истакна градоначалничката Петровска за време на средбата со министрите и работниците на компанијата STRABAG Rail Gmbh задолжени за изградбата на пругата Битола-Кременица.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска