ВИДЕО: Менаџментот на „Југохром“ најавува рестартирање на комбинатот во ноември

Од:

По средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, менаџментот на „Југохром“ најавува дека до ноември ќе бидат ставени филтрите на печките 7 и 8, што ќе овозможи рестартирање на работата на комбинатот. Директорот Васко Скендеровски рече дека во овој момент се чувствуваат загуби и де факто и де јуре, но се надева дека ќе успее „Југохром“ да ги задржи сите 70 вработeни и оваа бројка ќе порасне.

Вредноста на филтрите е 4 милиони и 170 илјади евра, во кои менаџментот ќе вложи 800 000 евра, а останатите ќе се обезбедат со помош на Владата.

„Разговорот со вицепремиерот беше многу корисен и блиску сме до конечно решение. ‘Југохром’ ќе биде и еколошки безбеден и економски исплатлив, што ќе го почувствуваат граѓаните на Тетово. Сепак, жалам што во моментов трпиме загуби“, рече Скендеровски по средбата во Влада.

На средбата присутвуваа и претставници од синдикалната организација на „Југохром Алшар„ и со претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на која се дискутираше со предизвиците кои ги има овој комбинат во процесот изградба на систем за отпрашување за добивање интегрирана А-еколошка дозвола за работа.

Претседателот на синдикалните организации, Бајрам Алити, исто така пред новинарите изјави дека е задоволен од постигнатите решенија.

„Голем дел од нашите барања се исполнети и сметам дека ќе успееме да го рестартираме комбинатот и притоа да бидат исполнети сите еколошки и економски критериуми“, рече Алити.

Вицепремиерот посочи дека Владата преку механизмите кои ѝстојат на располагање, односно преку инструменти на Македонската банка за поддршка на развојот, во рамките на своите надлежности ќе направи напори да се обезбедат средства, во форма на заем за „Југохром“, со кој ќе се продолжи проектот за изградба на системот за отпрашување, комбинатот ќе се рестартира и работниците ќе почнат да работат и да земаат плата.

Во октомври 2017 година Владата, синдикатот и менаџментот на „Југохром“ потпишаа меморандум со кој секоја од страните се обврза да ги изврши сопствените задачи во најкраток можен рок. Владата се обврза дека по завршување на системот за отпрашување, комбинатот ќе добие интегрирана А– еколошка дозвола со која ќе се овозможи рестартирање на печките 7 и 8.

Би можело да ве интересира

Од Југохром најавуваат дека е можно годинава да се догради системот за отпрашување

Ана Ололовска

Отров од Југохром истекува во Вардар, се чека тендер за поправка на пречистителната станица

Жарко Настоски

Заев: Југохром нема да биде ставен во употреба без доизградба на филтрите

Татјана Ташкова

Југохром не може да работи без филтри

Татјана Ташкова

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мислеше на работниците од Југохром и ги остави без работа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Година ипол СДСМ, Заев и Анѓушев лажат 1.200 работници на „Југохром“

Ана Ололовска