(ВИДЕО) Арсовски: Година ипол СДСМ, Заев и Анѓушев лажат 1.200 работници на „Југохром“

Од:

„СДСМ и Кочо Анѓушев се уште не кажаа кои се тие 650 работници од 1.200 работници, од „Југохром“ кои нема да одат на работа откако ќе почне со работа комбинатот.

Веќе година ипол СДСМ, Заев и Анѓушев ги лажат 1.200 работници на „Југохром“ кои се надеваат дека ќе почнат со работа. Одговорот на Анѓушев, Заев и СДСМ е дека од 1.200 само 550 ќе почнат да работат и тоа дури на пролет. За останатите 650 работници од „Југохром“, никому од Владата на СДСМ не му е гајле што ќе се случува и дали ќе имаат пари да преживеат. Всушност и онака година ипол ги оставија на питачки стап, да се снаоѓаат и да преживуваат како знаат“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, она што е позагрижувачко е дека никој од Владата не одговори, дали позади нерестартирањето на „Југохром“ се кријат нечии бизнис апетити и дали можеби некој задкулисно се пазари?

Граѓаните и вработените сеуште чекаат одговор на ова прашање.

Вчера обелоденивме помеѓу снабдувачите со струја на „Југохром“ додека работеше, беше „ЕДС“ компанијата која што беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тоа можевме да го видиме од возниот ред на „МЕПСО“, кој ви го презентиравме за 8 јуни 2016 година, од која се гледа дека „ЕДС“ на Анѓушев во тоа време се јавува како добавувач на струја за „Југохром“.

Господине Анѓушев дали е точно дека кога Вие бевте вицепремиер и сопственик на „ЕДС“ му продававте струја на „Југохром“?

Дали можеби ги искористевте должничко-доверителските односи и му обезбедивте кредит од 1.5 милиони евра?

И на крај, зошто ги лажевте Тетовци заедно со Заев дека до јуни 2018 ќе се рестартира комбинатот, а сега повторно тврдите дека агонијата ќе се продолжи за уште една година?

СДСМ година ипол е на власт и не успеа да го оствари ветувањето за рестартирањето на „Југохром“, најверојатно бидејќи се работи за бизнис интереси.

Ова што се случува денес заради политиките на СДСМ е вистинска катастрофа за граѓаните и оди единствено на штета на граѓаните.

Оваа катастрофа мора еднаш засекогаш да заврши. СДСМ мора да си замине од власт уште веднаш за Македонија да може да тргне напред. Што побрзо си заминат, толку подобро за државата и за граѓаните“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее