(ВИДЕО) Лукаревска: Физички лица делат плати и по три милиони, а на работниците им уплаќаат по 5 денари

Од:

Компаниите кои добиле помош од државата од пакетот економски мерки за справување со ковид-кризата, а овие средства не ги исплатиле на работниците, Управата за јавни приходи ги објави јавно. По истекување на рокот по опомената, УЈП ќе блокира, открива директорката Сања Лукаревска и вели дека иако е флексибилна и ги исцрпува можностите за корекција, ова не смее да се толерира. Што се однесува до најпогодените дејности, како угостителството, туризмот и транспортот, според неа, и натаму ќе се изнаоѓа начин за помош за да не стават клуч на врата.

Лукаревска во разговорот вели дека редовниот надзор на УЈП открил и компании во кои работодавците си делат плати од 2 или 3 милиони, а на работниците им уплаќале минималец или само 5 денари. Според неа, даночната дисциплина кај нас е голема и на физичките лица и на големите компании, а затајувања има кај помалите фирми кои се обидуваат да се сокријат преку системот на стечај па повторно отворање. За блокирањето, за даночењето на најбогатите, за бенефитот од мерката МОЈ ДДВ, повеќе во разговорот со Лукаревска.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

Лукаревска: Во најголемиот Буџет од 6,5 милијарди нема пари за реалниот живот на граѓаните

А1он

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска до Мицкоски: Го уништивте Скопје, каде ви се автобусите што ги ветувавте?

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено