(ВИДЕО) Кирацовски: ЕЛЕМ нема да се продава, туку дополнително ќе се инвестира во неговите капацитети

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека ЕЛЕМ нема да се продава, туку ќе се инвестира во него за доброто на граѓаните.

– Не е тешко да се демантира ВМРО-ДПМНЕ. Кога своевремено во 2015 година излеговме со аудио снимките со наводите за криминал и корупција од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие веднаш ја измислија лагата за жолтите комбиња и базните станици. Кога ние излеговме со концептот за едно општество за сите наши граѓани во Република Македонија тие излегоа со лагата за федерализација и кантонизација. Кога видоа пред месец дена дека катастрофално ќе ги загубат локалните избори, излегоа со лагата за бегалците и емигрантите за коишто никој незнае каде се, сите ги бараме. Сега кога се безидејни кога гледаат дека ќе ги загубат овие избори повторно излегуваат со лагата дека СДСМ ќе изврши продажба на толку сериозни капитални објекти на некој начин под доминантна сопственост на Република Македонија. Уште сега сакам да потенцирам, не само што ЕЛЕМ нема да се продаде и останатите капитални објекти, туку и ќе се инвестира во истите, за доброто на граѓаните и битолчани, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки