ВИДЕО: Граѓаните ќе имаат рок од три дена за да ја скенираат фискалната за поврат на ДДВ

Од:

Фискалната сметка издадена за време на претстојниот „Викенд без ДДВ“ ќе мора да се скенира во рок од три дена за да се реализира целосниот поврат на данокот на додадена вредност, изјави ВД директорот на УЈП Фарук Омери.

Парите од повратот на ДДВ, граѓаните кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“ ќе ги добијат најдоцна до крајот на октомври.

„Мерката Мој ДДВ, која ние како УЈП во целост ја реализиравме во минатата година, ја прилагодуваме и за реализација на мерката Викенд без ДДВ. Почнавме скромно, но бројката на користици постојано растеше за сега да достигне 350 илјади граѓани“, рече Омери.

Тој апелира сите трговци да ги означат македонските производи и компјутерската опрема, со цел непречено враќање на ДДВ-то.

„Ако досега се враќаше 20 проценти од данокот за македонските прозиводи, овој викенд се враќа целосниот износ на данокот“, рече Омери.

Тој вели дека е свесен дека мерката се спроведува во време на пандемија, и вели дека трговците ќе бидат обврзани да ги спроведуваат мерките за превенција од ширење на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет

Прекин во работењето на системот е-Даноци