(ВИДЕО) Чогеља: Загубени половина милион евра поради ненавремено производство на струја на ХЕЦ Глобочица и Шпиље

Од:

„СДСМ ја претвори ЕЛЕМ во ЕЛЕМентарна непогода.

Раководството на АД ЕЛЕМ е неспособно да менаџира со природните ресурси. Десетици кубни метри вода во секунда се прелеваат преку браните на ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпиље, таа вода е непреработена во електрична енергија.

Три недели по ред во континуитет прелева ХЕЦ Глобочица, со што загубата од непроизведената електрична енергија досегна речиси половина милион евра, директната загуба континуирано и се зголемува секој ден“, рече Горан Чогеља, ВМРО-ДПМНЕ.

„Ситуацијата станува алармантна и во ХЕЦ Шпиље, која од пред два дена исто така почна да прелева.

Ваквата состојба се очекува да продолжи и во наредниот период. До ваквата состојба немаше да дојде доколку раководството на АД ЕЛЕМ пристапеше кон навремено производство на електрична енергија во зимскиот период и да изврши пред празнење во акумулациите.

Поради неодговорноста на власта и неспособноста на раководењето на АД ЕЛЕМ, претпријатието наместо добивка, прави чиста загуба пуштајќи чисти пари по вода.

Очигледно топењето на снеговите во пролет, ги изненади АД ЕЛЕМ, како што снегот среде зима ги изненадува Македонија пат.

ВМРО-ДПМНЕ два месеци предупредува за нивото на водите во сврзаниот систем Охридско езеро, езерото Глобочица и езерото Шпиље. Неспособноста на АД ЕЛЕМ и ненавременото производство на електрична енергија резултираше со поплави во Охридското езеро и огромни материјални штети долж целото крајбрежје.

Нивото на водата во Охридското езеро е сеуште 23 сантиметри над дозволената кота. Штетите од поплавите од пред месец дена на Охридското крајбрежје сеуште не се ниту проценети, а камо ли санирани.

Ова раководство на АД ЕЛЕМ е ЕЛЕМентарна непогода во енергетиката и треба под итно да си поднесе оставка. Оваа влада е неспособна и не знае да управува со државата и државните ресурси. Граѓаните заслужуваат подобро“, изјави Горан Чогеља, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март