(ВИДЕО) Бочварски: Завршуваме со изградба на 36 социјални станови во Виница

Од:

Завшуваме со изградбата на социјалната зграда во Виница за згрижување на 36 социјално ранливи категории на граѓани. Останува да се доработи партерното уредување и потоа да распишеме повик за распределба, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета во општина Виница.

Зградата е со инвестиција од 70 милиони денари, средства обезбедени од Владата на Република Северна Македонија.

„Наскоро овде ќе бидет сместени 36 социјално ранливи категории на граѓани кои ќе добијат можност на подобри услови за живот. Задоволен сум што се работи интензивно, нашите очекување се дека оваа пролет ќе биде завршена за да можеме потоа да извршиме технички прием и да распишеме оглас за распределба. Се работи за инвестиција од 70 милиони денари што како догвороен орган се јавува АД за стопанисување со станбен и деловен простор”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Министерот потенцираше дека само во овој момент се градат преку 660 станови во 9 општини во државата.

„Уште еден значаен проект кој го работиме е доградба на филтер станицата во општина Виница со кој ќе решиме горлив проблем со водоснабдувањето во населеното место Лески. Инвестицијата е 24 милиони денари, средства преку Министерството за транспорт и врски и очекувам дека во текот на летото ќе биде завршена оваа инвестиција”, истакна министерот Бочварски.

Овие проекти се многу значајни за развој на општината, за водоснабдувањето и згрижување на социјалните семејства, потенцира Ивица Димитров градоначалник на општина Виница.

„Откако пред едан година оваа зграда започна да се гради, имаме доста заинтересирани наши сограѓани за аплицирање и добивање на стабeн простор се со цел да добијат пристојни услови за живеење. Во однос на проширувањето на филтер станицата тоа е многу значајно бидјеќи се подобрува снабдувањето со вода на жителите на Виница, населените места Јакимово, Лески и Црн Камен. Тоа значи дека сегашниот капацитет од 110 литри во секунда со оваа инвестиција ќе се зголеми на 150 литри од секунда”, изјави Ивица Димитров градоначалник на општина Виница.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска