ВИДЕО: Бочварски најави градење на пруга до Бугарија

Од:

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија.

Тој во својата прва прес конференција како министер изјави дека изградбата на патната и железничката инфраструктура се исклучително важни за државата.

„Во овој сектор не смее да има никакви импровизации“, нагласи Бочварски.

Меѓудругото, Бочварски најави доизградба на автопатот Кичево-Охрид.

„Инвестициите во инфраструктурата, ги реализираме преку изградба и рехабилитација на преку 250 километри автопатска мрежа, изградба на 300 километри експресни патишта, преку 1.000 километри рехабилитација на регионални патишта и само преку Министерстото за транспорт рехабилитација на околу 450 километри локални патишта“, рече Бочварски.

Тој најави и изградба на преку 700 социјални станови, нови авиолини и доизградба на автопатот Скопје-Блаце.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Прво Коридорот 8 го прогласија за закана по националниот идентитет, а сега се фалат со него

Николоски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот, реакција од Бугарија за Коридорот 8

Катерина Ѓуровски

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Бугарија: Коридорот 8 е наш национален приоритет

(ВИДЕО) Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ

А1он