(ВИДЕО) Анѓушев: ФЕНИ е првата успешно решена стечајна постапка во Република Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев по завршувањето на првиот македонско – бугарски бизнис форум „Македонија – Бугарија 2019“ даде кратка изјава за медиумите и одговараше на новинарски прашања. Во целост ви го пренесуваме одговорот на новинарско прашање кое се однесуваше на успешно завршената стечајна постапка за комбинатот „ФЕНИ индустри“ од Кавадарци.

„Јас пред сè можам да го искажам своето задоволство што конечно се растераа сите магли околу случајот и денеска ФЕНИ е прв успешно завршен стечај во Република Македонија, со целосно исплатени доверители, и пример за компанија која и во активен стечај продолжи да работи. Практично вчера или завчера, судот ја затвори стечајната постапка и се надевам дека ФЕНИ ќе има сериозен придонес во економијата на нашата земја. Новите сопственици најавуваат и отворање на втората линија којашто би го дуплирала производството во ФЕНИ, а тоа ќе значи и дуплирање на приходот на компанијата, односно на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени, а секако значи и значително учество во БДП на Република Македонија. Јас очекувам дека тоа ќе биде една стабилна компанија. Од тоа што јас го имам како информација, веќе од денеска просечните плати во Фени се над 500 евра, што е ветување на Владата кое практично таму почнува да функционира“.

Би можело да ве интересира

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска

„Еуроникел“: Нема отпуштања во „Фени“ ниту фабриката се продава, почнува плански ремонт

Маја Илиевска-Пачемска