ВИДЕО: АД ЕСМ – подружница „Енергетика” почна со парно греење во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром

Од:

На почетокот на грејната сезона, денеска АД ЕСМ, подружница „Енергетика” почна со испорака на топлинска енергија за корисниците кои се снабдуваат со греење преку топловодниот систем на „Енергетика“, а тоа се скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Парно греење добија 3700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевскио истакна дека во „Енергетика” се бележи зголемен интерес за нови приклучувања на системот на парно греење, како од индивидуални куќи, така и од новоизградени станбени згради во овие населби.

– Имаме поднесени барања за нови приклучоци кои во моментов се во фаза на реализација, бидејќи истите беа поднесни во втората половина на септември и првата половина на октомври, така што бројката на корисници дополнително ќе се зголемува, изјави Ковачевски при денешната посета на „Енергетика” и увидот во работите за старт на грејната сезона.

Од АД ЕСМ посочуваат дека во однос на проширувањето и реконструкцијата на топловодна мрежа, во завршна фаза е изработката на проектите, а реализацијата е планирана за наредната година. Со оваа инвестиција ќе се обезбедат нови приклучоци и греење за пошироко подрачје во населбите Железара и Хиподром, како и поквалитетно греење за постоечките корисници.

Би можело да ве интересира

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спорведен во Кривичен суд

Полицијата апси поранешни раководители на ЕСМ, меѓу уапсените е и Васко Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година