Од денеска до 30 април, парно треба да има ако температурата е 12 степени

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона завршува на 15 април 2025 година и стартува т.н преоден период кој трае до 30 април.

Од утре па се до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

Би можело да ве интересира

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори, регистрира Регуларона

Грејната сезона продолжува на 1 и 2 мај, соопшти Регулаторна

Завршува грејната сезона

Ацо Ристов ја презеде претседателската фунција во Регулаторна комисија

Регулаторна ги објави новите цени на горивата