Вицепремиерот Пешевски ја посети општина Кочани

Од:

Во рамки на работната посета на Кочани денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски  се сретна со вработените во Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Агенцијата за поддршка на земјоделството, како и со градоначалникот Ратко Димитровски.

На средбата стана збор за  проблемите со кои се среќаваат овие владини сектори, како и за владините политики во областа на земјоделството.

Притоа, вицепремиерот Пешевски најави дека во најскоро време ќе се реши проблемот со просторот за Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

– Ќе ги преуредиме просториите и ќе создадеме услови земјоделците при аплицирањето за субвенции да доаѓаат во подобри услови, изјави Пешевски.

Тој зборуваше и за проектот што Министерството го реализира со турската компанија ТИКА за новите сорти на ориз и нивното пробно производство на полињата во Кочанско, за  увозот и употребата на препарати во оризопроизводството со сомнителен квалитет, како и за откупот на оризот од годинашната реколта.

Напомена дека определба на Владата е да го стимулира бизнис секторот и земјоделството со пронаоѓање на компании кои ќе инвестираат и во тој контекст најави дека компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Кочани.

Би можело да ве интересира

Кочанчанец удрил девојка со пиштол и дивеел во кафеана – уапсен е

Анита Петровска Рајковиќ

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра