Кочанчанец удрил девојка со пиштол и дивеел во кафеана – уапсен е

Од:

38-годишен кочанчанец е уапсен, а во неговиот дом е извршен и претрес при што е најден пиштол и муниција. Насилникот е уапсен откако претходно дивеел во кафеана во Кочани, а и удрил женско лице со пиштол.

„ На 9.5.2024 во 14 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода О.Ц.(38) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице.“ велат до МВР.

По апсењето полицијата извршила и претрес во неговиот дом и неговото возило „ауди“. Претресот е извршен со судска наредба, а биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми калибар 7,65 мм и лисици за врзување.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

И стави пиштол в рацете на малолетната ќерка, па бараше таа да пука во него

А1он