Туристите кои годинава одмараат на струшкото крајбрежје покрај за плажите голем интерес покажуваат и за посета на црквите, музеите и културните настани.
Валентина Переска од подрачната единица на Агенцијата во промоција и поддршка на туризмот во Струга смета дека руралниот туризам е неизбежен дел од посетата на струшкиот регион.
– Поголем дел од туристите се интересираат за културните настани. Ги посетуваат пештерските цркви со кои изобилува регионот, патот Виа Игнација, изворите во Вевчани, музејот „Д-р Никола Незлобински“, кој е најстар во Македонија…, изјави Переска.
Таа додаде дека се работи и на развој на планинскиот туризам, каде се обележани и велосипедски патеки.
Странските гости меѓу кои најприсутни се холанѓаните се импресионирани од црквата „Света Богородица“ во Калишта и пештерската црква „Свети Архангел и Михаил“ во Радожда, како и убавината на Вевчанските извори.
– Вевчанските извори се посебни, а има убави цркви во Калишта и во Радожда, изјави Дирк де Јонг турист од Холандија.
Туристичките работници во своите аранжмани нудат и посета на алтернативни места, што претставуваат атракција за гостите, кои одмараат на струшката ривиера. Покрај природата и гостопримството, според угостителите, гостите ги привлекуват и новите идеи и креативните понуди.