„Велт ем зонтаг“: Шулц предлага „итни кредити“ за Грција

Од:

По денешниот референдум во Грција може да избувне хуманитарна криза. Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, размислува за варијантата на земјата да и се дадат итни кредити за да се поддржи работата на јавните услуги, пишува германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

Шулц подвлече дека владата на левиичарскиот премиер популист Алексис Ципрас земјата ја втурнала во ќорсокак, посочува весникот.

-Но, луѓето со ништо не се виновни за тоа. На нив ќе им помогнеме, изјави претседателот на ЕП.

Тој има и конкретни предлози како тоа да се случи. „Веројатно ќе треба на Грција да и доделиме итни кредити за надминување на ситуацијата, за да може да се поддржи работата на општествените услуги и парите да стигнат до луѓето на кои им требаат. За таа цел во Брисел наскоро ќе има финансиски средства на располагање“, посочи Шулц.

Тој изјави дека „луѓето во Грција нема да бидат оставени во сиромаштија“.

Според него, ситуацијата ќе стане особено тешка доколку грчкиот народ на денешниот референдум ги отфрли плановите за реформи. „Но, ако грчката Влада не располага со повеќе пари, зотоа што претходно плановите за реформи од партнерите ќе се отфрлат на референдумот, тогаш ситуацијата нема да се подобри. Без нови пари платите нема да можат да се исплаќаат, здравствениот систем веќе нема да функционира, ќе запрат снабдувањето со електрична енергија и градскиот транспорт, важни стоки веќе нема да можат да се увезат, бидејќи веќе никој не ќе може да ги плаќа“, изјави претседателот на ЕП, Мартин Шулц.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали