Велика Британија изгуби 417 илјади работни денови во октомври

Од:

Велика Британија изгуби 417.000 работни денови поради работни спорови во октомври, најмногу од ноември 2011 година, објави денеска Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Работниците во низа сектори излегоа на штрајк во последниве месеци, од железничари до наставници и поштенски работници до адвокати, бидејќи растот на платите не одржуваше чекор со двоцифрената инфлација.

Се очекува штрајкови да се одржуваат речиси секој ден во декември, со голем прекин на железничките услуги денеска бидејќи железничките работници го започнуваат последниот 48-часовен штрајк.

Медицинските сестри ќе штрајкуваат в четврток за прв пат во историјата на нивниот синдикат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Велика Британија повикува на ослободување на косовските полицајци, градоначалниците да работат од други локации