Валс: Грција треба да остане во еврозоната

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс во врска со стравувањата поврзани со ситуацијата во Грција и еврозоната, во Пекинг истакна дека нема опасност од излегување на земјата од Европската монетарна унија.

– Грција ќе остане, треба да остане во еврозоната, новиот премиер на земјата тоа го кажа, не може да биде поинаку, одговори Валс.

– Треба да и се помогне на Грција да излезе од кризата, во која западна таа. Во исто време Грција треба да ги почитува своите обврски, бидејќи така всушност функционира Европската унија, додаде францускиот премиер.

Кинескиот премиер Ли Качијан на средбата директно го прашал Валс дали Грција ќе излезе од еврзоната.

Валс денеска на вториот ден од посетата на Пекинг, чија цел е привлекување на кинески инвестиции, нагласи дека потенцира дека бизнисот е приоритет за Париз и ги повика локалните претприемачи да не стравуваат од француското социјално право.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Ле Пен повикува на востание

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски