Вакцинацијата ја турка европската економија напред, во јуни најголем скок во 15 години

Од:

Економијата во еврозоната во јуни порасна најбрзо во последните 15 години благодарение на вакцинацијата против Ковид-19 и ублажувањето на мерките против коронавирусот, што ја зголеми силната побарувачка за стоки и услуги, покажа истражувањето на агенцијата „Маркит“, што денеска беше објавено.

Индексот за набавка во приватниот сектор во еврозоната (ПМИ) во јуни нарасна за 2,4 поени, на 59,5 поени, што е највисоко ниво од јуни 2006 година, соопшти „Маркит“, зголемувајќи ја неговата вредност за 0,3 поени.

Активностите во индустријата дополнително се забрзаа во јуни, а секторот услуги го забележа својот најсилен раст во последните 14 години благодарение на забрзаното вакцинирање и олеснување на корона мерките, забележува лондонската компанија за собирање и обработка на економски податоци.

Засилена е и домашната и странската побарувачка, особено во индустријата, која забележа најсилен прилив на странски нарачки од септември 2014 година, кога „Маркит“ почна да го следи овој индикатор.

-На компаниите се потешко им е да го следат силниот раст на побарувачката, делумно поради недостигот на работна сила, што значи поголема моќ во одредувањето на цените, посочува главниот бизнис економист на „Маркит“, Крис Вилијамсон.

Недостигот на работна сила и капацитет што беше проследен со повисоки цени на комуналните услуги, стоките и горивата, резултираше со најголем скок на трошоците во работењето во последните речиси 13 години, забележува „Маркит“.

-Инфлациските притисоци не се ограничени само на индустријата, забележува Вилијамсон, истакнувајќи дека поради повисоките трошоци, компаниите во услужниот сектор најмногу ги зголемија цените во последните над 20 години, што сигнализира зајакнување на инфлациските притисоци врз поширока основа.

Бизнис лидерите се оптимисти во предвидувањата за следните 12 месеци, покажува извештајот на „Маркит“.

-Бранот оптимизам дека најтешкиот дел од пандемијата е зад нас ги зголеми очекувањата на компаниите на највисоко ниво, што е добар знак и сигнализира дека растот може дополнително да се зајакне во наредните месеци, заклучува Вилијамсон.

Би можело да ве интересира

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

А1он

Потрошувачите во еврозоната очекуваат висока инфлација и послаб економски развој

ЕК: Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и во еврозоната на рекордно ниско ниво

Ана Ололовска