Утре одлука за помошта на Шпанија и Кипар

Од:

Министрите за финансии на еврозоната утре ќе одржат конференција за да ги разгледаат формалните барања на Шпанија и Кипар за финансиска помош.

Неименуван дипломат наведе дека еврогрупата ветила дека брзо ќе ги разгледа барањата на Шпанија и Кипар и тоа е се што ќе го направи.

Двете земји вчера побараа помош, додека на Шпанија уште пред тоа и беше потврдено дека може да добие кредит „тежок“ 100 милијарди евра за спас на банкарскиот сектор.

На Кипар му се потребни 10 милијарди евра за помош на банките.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, кој денеска го објави извештајот изработен од лидерите на ЕУ, рече дека за постигнување на стабилна економска и монетарна унија ќе биде потребна една деценија.

Би можело да ве интересира

Два дена хаос во возвите во Шпанија поради украдени кабли

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Неколку смртни случаи за време на прекинот на електричната енергија во Шпанија

ВИДЕО: Струјата полека се враќа на Пиринејскиот полуостров, врската меѓу Шпанија и франција можна причина за колапсот

Шпанија прогласи вонредна состојба

А1он