Успешен старт на македонската софтверска компанија Сивус во Белград

Од:

Македонската компанија за софтверски услуги Сивус, која пред два месеца отвори подружница во Белград, веќе активно оперира со клиенти од Шведска, Шпанија, Германија, Швајцарија и САД.

Компанијата во Србија е присутна од 2005 година преку канцеларијата во Ниш, а отварањето на подружницата во Белград е производ на стратегијата за интернационализација која ќе овозможи да биде поблиску до клиентите и навремено да одговориме на нивните потреби, вели оперативниот директор на Сивус, Коча Бошку.

Подружницата на Сивус во Белград во моментов оперира со 10 вработени, со очекува да се зголеми трикратно во текот на 2013 година, со што во Србија вкупно ќе има 100 вработени.

Доминантниот дел од кадрите на Сивус (70%) се во Македонија и работат во централата во Скопје (350 од вкупно 500 вработени), а 97 отсто од работата на компанијата е наменета надвор од македонските граници. Една од главните причини поради која компанијата инвестира повеќе надвор од матичната земја е недостигот од кадри во Македонија, како и потребата од локално делување и вмрежување со интернационалните клиенти.

Би можело да ве интересира

За германските компании бизнис климата во земјава е добра, благ пад на планираните инвестиции

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска