Управниот совет на ЕСМ му додели финансика помош на Кипар

Од:

Управниот совет на Европскиот стабилизациски механизам донесе одлука за давање финансиска помош на Кипар, пренесоа руските медиуми.

Во согласност со одлуката на Еврогрупата од 25 март европските партнери на Кипар ќе му доделат девет милијарди евра, а ММФ уште една милијарда евра, се наведува во соопштението на ЕСМ, цитирано од кипарските медиуми.

Претседателот на ЕСМ, Клаус Реглинг, подвлече дека доделувањето на помошта е првата комплетна програма за макроекономска стабилизација, што се финансира од Европскиот стабилизациски фонд.

ЕСМ досега единствено и имаше помогнато на Шпанија и тоа со 41 милијарда евра за реформа на финансискиот сектор. Првата транша од помошта за Кипар се очекува во средината на мај. Овие средства ќе ги покријат буџетските потреби на земјата и ќе и помогнат да ги намири своите среднорочни и долгорочни долгови.

Средствата ќе бидат употребени и за рекапитализација на кредитните друштва на земјата, со исклучок на „Банката на Кипар“, која според условите на спогодбата за доделување на помошта, треба да го пополни својот капитал преку оданочување на негарантираните влогови.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар