Управниот одбор на Кипарската народна банка поднесе оставка

Од:

Сите членови на Управниот одбор на „Кипарската народна банка“ (Лаики) денеска поднесоа оставка, соопшти прес-службата на банката.

Оставка поднесоа деветмината членови на втората по големина банка на островот, вклучително и нејзиниот претседател Андреас Филипу. Оставка поднел и Такис Фидиас, првиот извршен директор на Лаики банката, на која и претстои ликвидација.

Вчера кипарската Централна банка го разреши извршниот директор на најголемата банка на островот, „Банката на Кипар“, Јанис Кипри.

Според кипарските медиуми, разрешувањето било на барање од „тројката“ меѓународни кредитори. Во вторникот претседателот на Управниот одбор на „Банката на Кипар“, Андреас Артемис исто така, поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар