United Group ја презеде бугарската Нова ТВ

Од:

United Grоup, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, објави дека ја заврши аквизицијата на Nova Broadcasting Group, најголемата бугарска мулти-платформска медиумска компанија.

Tелевизија сo национална фреквенција  NOVA TV, 10 телевизиски канали, најголемата онлајн платформа Net Info, која секој месец просечно ја посетуваат дури 80% од населението на Бугарија. Исто така и четири радио станици се дел од Nova Broadcasting Group.

Во рамките на United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ и нејзините сервиси EON и Total TV.

Викторија Боклаг, извршната директорка на United Grоup, изјави: „Задоволна сум што можеме да им посакаме добредојде на компанијата Nova и нејзините вработени во семејството на United Grоup. Бугарија е атрактивен пазар за нас и Nova како дел од Групацијата ќе продолжи да ја зајакнува својата позиција. Силната врска помеѓу Nova и нашите останати медиумски компании ни дава можност да создадеме синергетски ефект и да продолжиме да инвестираме во локалните содржини што ќе ги воодушеви нашите корисници“.

Раководењето со Nova Broadcasting Group ќе го надзира Dirk Gerkens, поранешен директор на RTL, телевизиски експерт со повеќе од 25 години искуство во медиумите.

Аквизицијата на Nova Broadcasting Group е дел од стратегијата на United Grоup да поседува и телекомуникациски и медиумски компании на пазарите на кои работи. Платформата на United Group ги комбинира водечките оператори и најдобрите производители на медиумска содржина во Југоисточна Европа.

Медиумскиот дел на United Group, United Media, произведува повеќе од 20 000 часови оригинални содржини секоја година и емитува повеќе од 30 канали кои се достапни за терестриална, кабелска, DTH, OTT и IPTV дистрибуција.

За United Group:

United Group, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. На крајот на 2020 година, компанијата работи во осум земји и има приближно 10 милиони корисници и 11 илјади вработени. United Group има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ содржини од целиот свет. Значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумски содржини и технологија, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги обезбедува на клиентите. Од март 2019 година, United Group е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот.

За повеќе информации, посетете ги https://united.group и http://www.unitedmedia.net

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Бугарија одбележува 143 години од ослободување од османлиското владеење

Ана Ололовска

Три дена пред почетокот на изборната кампања во Бугарија, владејачката партија има стратешка предност

Ана Ололовска

Радев на состанок со бугарските разузнавачи откако биле „повредени правата на Бугарите во Северна Македонија“

Жарко Настоски

Бугарија преговара со Германија и Франција за позајмување вакцини

Ана Ололовска

Бугарија ги отвора образовните центри, училиштата, рестораните и казината

Ана Ололовска

Србија и Бугарија ќе имаат оперативна гасна интерконекција до мај 2022 година

Ана Ололовска