УЈП: 55.000 работодавачи ја искористиле финансиската поддршка за исплата на плати

Од:

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека мерката за финасиска поддршка за исплата на плати за април, мај и јуни ја искористиле вкупно 55.025 работодавачи. Опфатени се 319.859 вработени, а вкупната финансиска поддршка за трите месеци изнесува 4.458.719.347 денари.

Финансиска поддршка искористиле и 17.615 физички лица кои вршат самостојна дејност, а вкупниот износ за оваа намена е 255.417.500 денари.

За мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за трите месеца одобрени се 2.101 барање, а за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите за јуни, јули и август досега се поднесени 68 барања.

За ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка одобрени се 973 барања, а за ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на личен доход 707 барања.

Од УЈП истакнуваат дека ваквата искористеност на мерките е резултат на брзото, лесно и едноставно аплицирање.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Мицкоски: Нема да има зголемување на платите на функционерите

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено