Тужба против производителот на „Бадвајзер“ поради разредување на пивото

Од:

Американски потрошувачи покренаа тужба против пиварата „Анхојзер Буш Инбев“, производител на познатото пиво „Бадвајзер“, поради разредување на пијалоците со вода, барајќи отштета која би можела да достигне и десетици милиони долари.

Адвокатот на тужителите изјави дека содржината што е наведена на етикетите на пивата од оваа пивара, не соодвејствува со реалниот состав.

– Пивото најверојатно се разредува непосредно пред да бидат наполнети шишињата и со тоа се лажат корисниците, изјави адвокатот, признавајќи дека сепак ваквите тврдења не се засноваат на изработени независни тестови или анлизи, туку на изјави на поранешните вработени во пиварата.

Тужбата, која според правниците може да им донесе отштета на десетици милиони конзументи на пиво, е поднесена во суд во Сан Франциско, а слични пријави се подготвуваат и во Њу Џерси, Пенсилванија и во уште неколјку други американски сојузни држави. Планирано е да бидат покренати вкупно 12 судски процеси.

Преставникот на „Анхојзер“, Питер Крејмер ги отфрли ваквите обвиненија како неосновани. Компанијата, според него, строго ги почитува сите закони за точно декларирање на алкохолот.

„Анхојзер“ во четвртиот квартал од минатата година забележа пад на профит за 4,9 отсто, поради, како што соопшти комопанијата, зголемените финансиските трошоци.

Нето профитот на пиварата во овој квартал се намалил на 1,76 милијарди долари за разлика од 2,85-те милијарди долари остварени во последните три месеци од 2011 година.

„Анхојзер“ е најголем производител на пиво во светот. Меѓу неговите најпознати марки спаѓаат „Бадвајзер“, „Бад“, „Стела Артоа“, „Старопрамен“ и „Бекс“.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност