Турските банки продаваaт големи количества долари за да го зачуваат курсот на лирата, тврди британски брокер

Од:

Турските банки неочекувано и денеска предложија да продаваат големи количества долари, спроведувајќи ја големата операција на спасување на националната валута – лирата, соопштија претставници на деловните средини од лондонското Сити, цитирани од агенциите.

-Сето покажано води кон тоа дека турските банки извршуваат операција што има за цел да го поддржи курсот на лирата, посочи трговец со валути.

Како резултат на операцијата попладнево е регистирано зголемување за 0,2 отсто на курсот на лирата во однос на доларот, кога американската валута се разменуваше за 1,89 лири.

Антивладините демонстрации и протести во различни делови на Турција, што траат од 31 мај, почнуваат негативно да се одразуваат врз економијата на земјата. Во последните денови е регистриран силен пад на главниот индекс на Истанбулската берза, а државните обврзници на Турција се обезвреднети.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски