Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Од:

Турски ,,Јилдирим” го купи комбинатот за фероникел, поранешно „Фени” од Кавадарци, а работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа, изјави Игор Ѓерасов , претседател на републичкиот Синдикат за индустрија, енергетика и рударство. Тој додаде дека Синдикатот и новото раководство разговарале пред неколку дена и начелно било договорено, оние стотина работници кои беа ангажирани за одржување на печката во топла состојба во изминатиот период, додека топилницата беше во стечај, да се вработат на неопределено време. По нив, сукцесивно, по потреба, да се враќаат на работа и други поранешни вработени во комбинатот.

– На средбата ни беше кажано дека за околу три месеци, комбинатот треба да се рестартира со работа и да започне со производство, како синдикат се надеваме дека работниците ќе се вратат на работа, имајќи во предвид дека станува збор за компанија, значајна за кавадаречката и македонската економија, подвлече Ѓерсов.

Некогашниот гигант од Кавадарци, кој до пред некое време вработуваше околу 800 работници, во изминатиот период се соочуваше со проблеми, вработените протестираа, а компанијата која беше со странски газди, замина во стечај. Вработените редовно потсетуваат дека илјадници фамилии егзистираат од топилницата, имајќи ги во предвид и транспортните компании ангажирани за комбинатот.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

A1on