Турканци за клими пред Министерството за економија, до денеска 2.500 апликации

Од:

2.500 илјади граѓани до денеска веќе поднеле апликации за ваучери за инвертер клими кои ги доделува Министерството за економија.

Утрово пред министерството повторно имаше редица од стотина граѓани кои чекаа да ги поднесат барањата за да добијат ваучер од 23.000 за купување на клими инвертери.

Ваучерите ќе се добиваат преку пошта откако ќе заврши повикот и ќе бидат разгледани барањата. Распишан е и јавен оглас за избор на фирми од каде што граѓаните ќе може да набавуваат клими.

За да се добие ваучер, критериуми е подносителот во изминатите три години да не користел субвенции за инвертер клими, да нема приклучок на централното градско парно и уредот да биде вграден во текот на 2024 година односно најдоцна до 30 ноември. Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден-прв услужен.

Министерството за економија ја објави програмата за субвенционирање за енергетска ефикасност на домаќинствата која годинава е проширена и за неа се издвоени повеќе од четири милиони евра.

Би можело да ве интересира

Затворен огласот за ваучер за клими поради преголемиот број на апликации

Орце Костов

Гужви за ваучери за клими: Над 500 барања пристигнати првиот ден во Министерството за економија

Орце Костов

Министерство за економија: Нема да дозволиме отворање рудник во Иловица без одобрение од локалното население

Предраг Петровиќ

Град Скопје и годинава ќе дава субвенции зa инвертер клима уреди

А1он

Град Скопје: За наредната година издвојуваме рекордна сума буџетски средства за субвенции за инвертери

А1он

Антикорупциска препорачува преиспитување на системот на финасирање во спортот преку ваучери