Туристичко-угостителската комора подготвена да обезбеди 5.000 работници за спас на секторот

Од:

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во соработка со организациите од Турција може да обезбеди 5.000 квалификувани работници кои веднаш ќе почнат да работата во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани. Поради одливот на кадар во европските држави, секторот се соочува со сериозен недостиг на квалификувана работна сила што е закана за опстојувањето на голем број деловни субјекти.

dobivaj vesti na viber

„Во комуникација со секторските здруженија и организации од Турција најдовме решение за надминување на сериозниот проблем со кој се соочува туристичко-угостителскиот сектор, недостигот на квалификувана работна сила како келнери, рецепционери, собарки, кувари и имаме зелено светло веднаш да донесеме 5.000 работници, за кои нашите плати се прифатливи. Но за да може тоа да се операционализира неопходно е да се поедностават процедурите за регулирање на вработувањето на овие лица бидејќи во нашата држава постои прилично сложена процедура за засновање на работен однос со странски државјани. Сметаме дека доколку овие лица може да се вработат под истите услови како и нашите државјани значително ќе го ублажиме сериозниот кадровски проблем со кој се соочуваме“, истакна претседателот на ТУК, Аркан Керим, кој сподели и проценка дека реалната бројка на работници кои недостигаат во овој сектор се движи околу 20.000, а доколку не се најде решени постои ризик за затворање на 50-60 проценти од постоечките капацитети.

На прес-конференцијата се презентираше и втора клучна активност на Комората која треба да овозможи намалување на негативните ефекти предизвикани од мултиплицирачката криза врз овој сектор преку обезбедување на финансиска поддршка од ЕУ неповратни фондови за поставување на соларни панели и користење на други алтернативни извори на електрична енергија.

„Новото раководство на Комората во кое вклучуваме и успешни бизнисмени од секторот кои се од Америка, Австрија и Турција ќе се залага за воспоставување на директна комуникација со Европската комисија во приближување на овие неповратни фондови за финансирање на деловните субјекти во туристичкиот сектор во нашата земја. Комората ќе помогне во обезбедување на извори на финансирање, но и ќе го мониторира начинот на нивно трошење со цел оправдување на инвестицијата за соодветната цел. Дел од овие средства ќе се инвестираат и во алтернативните извори на енергија како сериозна можност која значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија на деловните субјекти од овој сектор“, истакна Керим.

Покрај претседателот активностите на комората ќе ги координираат и четворица секторски потпретседатели Наташа Церековиќ, потпретседател за сектор Угостителство, Васиа Трпеновска, потпретседател за сектор Транспорт на патници, Евалд Коениг, потпретседател за сектор Туристички агенции и Гурсел Карадениз, Потпретседател за сектор Хотели. Во наредниот период ќе бидат избрани и регионални претставници на Комората, со цел да се обезбеди соодветно застапување на сите деловни субјекти на територијата на нашата држава.

Претседателот на ТУК, Керим најави и именување на амбасадори на промоција на македонскиот туризам во другите држави. Оваа почесна привилегија ќе биде доделана на познати и истакнати личности, а нивните имиња ќе бидат соопштени наесен.

Би можело да ве интересира

Јовановски: Сега ги плаќаме слабостите во нашата економија од пред 30 години

А1он

Бизнисмените предупредуваат: Можни се отпуштања без државна помош и поевтина струја

Орце Костов

Ковачевски: Со дијалогот со бизнис заедницата и со граѓаните ќе ја надминеме и оваа криза како победници

А1он

Ангелоски на „Дубаи Експо“: Произведуваме врвни производи, привлекувањето на странски инвестиции високо на агендата

Ана Ололовска

Лазаров: Меѓувладината седница во Софија покажува дека работите повеќе нема да бидат ставани под тепих

Ана Ололовска

Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден

А1он