Организацијата на работодавачи на Македонија денеска организира тркалезна маса на тема „Ефекти од примената на мерките за безбедност и здравје при работа и предлози нов закон/измени и дполнувања на постоечкиот“.
Конференцијата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија, а целта е да се споделат досегашните искуства од примената на Законот за безбедност и здравје при работа, како и размислувањата на релевантните субјекти од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Најавено е присуство на претставници од Националниот совет за безбедност и здравје при работа, социјалните партнери и здруженијата од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Законот за безбедност и здравје при работа е донесен во 2007 година.