Трите големи банки на Кипар започнуваат со распродажба на имоти на должници

Од:

Трите големи кипарски банки „Банката на Кипар“, „Грчката банка“ и „Кооперативната банка“ почнале со испраќање предупредувачки писма за распродажба на имот на должници, кои земале хипотекарни кредити што не се сервисираат, јавуваат медиумите во Никозија.

„Кооперативната банка“ на островот објави дека испратила 300 писма за хипотекарни недвижности, за кои има дадено кредити во висина од 75 милиони евра.

Согласно законот од распродажба се исклучени првите домови на должниците и имоти, кои припаѓаат на социјално слаби лица.

„Банката на Кипар“ предупредила 25 должници, кои земале кредити за трговски имоти во вредност од 84,9 милиони евра.

„Грчката банка“ соопшти дека првично ќе изврши распродажба на имот, за кој има добиено судски решенија.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ