Трендафилов: Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата

Од:

Зголемувањето на минималната плата и примената на колективните договори биле во фокусот на денешниот состанок на синдикатите и Владата. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов изјави дека Владата не била против зголемувањето на минималната плата, туку останатите два синдикати кои присуствувале на состанокот, нагласувајќи дека барале да се укинат одредбите на општиот колективен договор во процесот на растот на платите во јавниот сектор или општиот колектив договор да се стави ад акта. Наспроти него, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Благоја Ралповски, оцени дека тоа што го бара ССМ е популизам, истакнувајќи дека со покачувањето на минималната плата на 30.000 денари ќе бидат опфатени само дел од вработените во државата.

Според Трендафилов, единствено ССМ на денешниот состанок ги истакнал барањата на работниците.

– Работниците во Македонија немаат толку голем проблем со Владата, колку што имаат со останатите синдикати. Единствено Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги истакна барањата на работниците, вклучително растот на минималната плата, растот на сите останати плати, како и почитувањето на општиот колективен договор за јавниот сектор и потребата од зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти, изјави Трендафилов.

Посочи дека во наредниот период ССМ ќе продолжи да разговара за растот на платите, нагласувајќи дека Владата не била против зголемување на минималната плата.

– Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата, а се разбира дека разговаравме и за зголемување на платите во останатиот сектор, особено за министерствата за кои ССМ и Синдикатот на УПОЗ веќе неколку недели преговараат со Владата, односно она што го бараат работниците додаток на плата за 30 проценти, рече Трендафилов.

Трендафилов дека следниот период сите вработени во јавниот сектор треба да добијат зголемување на нивните плати, но, како што рече, другите два синдиката бараат укинување на одредбите на општиот колективен договор во процесот на растот на платите во јавниот сектор.

– Сакаме да упатиме порака дека следниот период сите вработени во јавниот сектор, 128 илјади на број треба да добијат зголемување на нивните плати, меѓутоа она што е лошо е тоа дека другите два синдикати кои што учествуваа на состанокот бараат да се укинат одредбите на општиот колективен договор во процесот на растот на платите во јавниот сектор или да се стави општиот колективен договор ад акта што ќе каже дека ќе нема примена во ниту една одредба. ССМ како потписник смета дека општиот колективен договор треба да се применува и во наредниот период, а со Владата како потписник од другата страна стоиме на располагање да седнеме да разговараме за сите спорни прашања, рече Трендафилов.

Според Ралповски, со покачувањето на минималната плата на 30.000 денари ќе бидат опфатени само дел од вработените во државата.

– Нашето прашање до другите синдикати беше дека со покачување на минималната плата на 30.000 денари ќе бидат опфатени 70.000 или 80.000 вработени од 700.000 вработени во државата. Го прашавме претседателот дали се спремни на почитување на Законот на минимална плата имаме колективни договори на ниво на гранка и дали се спремни сето тоа да го субвенционираат и дали можат да го издржат сето тоа, затоа што ние и во минатото и сега бараме само почитување на законите и колективните договори. Она што ССМ го бара е популизам, нагласи Ралповски.

Во делот на минималната плата, посочи дека на состанокот било истакнато дека Владата не е спремна да ги субвенционира платите, бидејќи, како што рече, имала законска обврска сите плати во јавниот сектор потоа да се покачат.

– Владата изјави, на чело со премиерот, дека не се спремни да ги субвенционираат платите, затоа што имаат законска обврска сите плати во јавниот сектор потоа да се покачат, дека немаат толкаво предивдено покачување во буџетот, тоа ќе биде огромен товар и дека ќе имаат проблеми со меѓународните фактори кои што се кредитори на оваа земја. Но, останува прашањето отворено доколку е подобра економската состојба во наредниот период да седнеме и да разговараме со нив, рече Ралповски.

КСС во 2023 година, додаде, не се сложиле со одредбите во општиот колективен договор околу делот на покачувањето на платите.

– Како КСС ние уште во 2023 година не се сложивме со таквите одредби во општиот колективен договор околу делот на покачувањето на платите. Во 2024 година истиот пропишуваше 0,7 покачување на платите во јавниот сектор. Низ гранските синдикати со ова последно се изборивме за поголеми покачувања во јавниот сектор да дојдат многу поголеми од минималната плата. Тој општи колективен договр истекува во јуни месец, рече Ралповски.

Би можело да ве интересира

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Горан Наумовски

Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување

Горан Наумовски

Дали ви личи дека ми е гајле што мислите за мене, лидерот на ССМ со порака до власта

Катерина Ѓуровски

ССМ: На 2 април на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања

ВМРО-ДПМНЕ: Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра