Тевдовски: Со новиот закон за јавни набавки се подобрува вклученоста на малите претпријатија во набавките

Од:

Со новиот Закон за јавни набавки, што ќе стартува од април, се воведуваат низа мерки што ги подобруваат условите за вклученост на малите и средни претпријатија во јавните набавки, бидејќи тие се ’рбетот на економијата, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за порталот biznisregulativa.mk.

– Од една страна, вклученоста на малите и средни претпријатија во јавните набавки, им овозможува на договорните органи да ја прошират базата на потенцијални понудувачи и да ги почуствуваат позитивните ефекти од поголемата конкуренција. Од друга страна, се создава противтежа на доминантните играчи на пазарот, вели Тевдовски.

Со законот се намалуваат административните трошоци за учество, што е од особено значење за малите и средни претпријатија посочува министерот. Покрај тоа, со законот се воведува и можност за директното плаќање на подизведувачите, кои најчесто се мали и средни претпријатија. Доколку пак, не е предвидено директно плаќање, договорниот орган бара од носителот на набавката да му достави доказ, дека го исплатил подизведувачот во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од договорниот орган, објаснува Тевдовски.

Министерот за финансии, како што соопшти Министерството за финансии, посочува дека новиот Закон за јавни набавки ги штити и правата на работниците.

– Се воведуваат одредби што се однесуваат на вклучување социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно резервирани договори со цел поттикнување на инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи, вели Тевдовски.

Министерот за финансии вели дека новиот Закон за јавни набавки е европски закон и посочува дека тој има три клучни цели: прво, да обезбеди рационално трошење на државните пари, второ, слободна и фер конкуренција и трето, транспарентност во јавните набавки.

Во согласност со европските правила и пракса, новиот Закон дава можност покрај цената да се вреднува и квалитетот. При тоа договорниот орган во зависност од предметот на набавка самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена, исплатливоста врз основа на животниот век на производот или најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот.

Би можело да ве интересира

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза

МФ: Се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании на 30 дена

Се работи на воспоставување систем за раст на платите на вработените во јавниот сектор информира Министерството за финасии

МФ: Усвоени измените на Законот за данок на личен доход за укинување на прогресивното оданочување и даночењето на каматите од заштедите

Бесими со експертите за даночната реформа – Инклузивноста и транспарентноста е најважна во процесот на дефинирање на крајните решенија

МФ: Јавниот долг 54,9 % од БДП, намален дополнителни 2,2 процентни поени

А1он