Тевдовски: Буџетскиот дефицит за 2018 година ќе биде под 2,9 отсто од БДП

Од:

Владата планира да го намали буџетскиот дефицит за 2018 година под 2,9 отсто од БДП, колку што изнесува оваа година и една од опциите е да издаде меѓународна обврзница на глобалниот пазар, вели министерот за финасии Драган Тевдовски во интервју за Блумберг.

– Одлучни сме дефицитот следната година да биде незначително помал од оваа година, во согласност со нашата намера за постепена фискална консолидација. Што се однесува до 2018 година, издавање меѓународна обврзница е исто така опција, имајќи ги предвид поволните услови на меѓународниот пазар, посочува Тевдовски во интервјуто што го пренесе МИА..

Владата, нагласува, планира да ја промени својата политика кон спроведување поголема социјална правда и ќе го замени постојниот рамен данок од 10 отсто за персонален данок на доход и данок на доход на претпријатија со прогресивна стапка.

Тој за Блумберг оценува дека стапката на инфлација следната година ќе биде 1,7 проценти, со што ќе се зголеми од еден отсто колку што е проектирано за 2017 година.

Во Министерството за финасии веќе се подготвува Буџетот за наредната година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација